Дежурните лица на Volvo Service се грижат за вашата мобилност
ПовеќеVolvo Cars денес открива освежени верзии на S90 седанот и на V90/V90 Cross Country моделите, вклучувајќи рафиниран надворешен дизајн и сосема нов, најнапреден Bowers & Wilkins звучен систем.
ПовеќеVolvo Cars постави нов, шести последователен глобален продажен рекорд во 2019 година, со што ја урна продажната цел од 700.000 автомобили за прв пат во својата 93-годишна историја. Компанијата забележа 705.452 продадени автомобили во 2019 година, што претставува зголемување од 9,8 проценти во однос на 2018 година, солидно надминувајќи го целокупниот пазар низ сите региони.
ПовеќеVolvo Cars денеска го лансираше еден од најамбициозните планови во автомобилската индустрија, со цел да го намали својот јаглероден отпечаток по автомобил за 40 проценти меѓу 2018 и 2025 година. Ова е прв, опиплив чекор кон амбицијата на Volvo Cars да стане климатско неутрална компанија до 2040 година.
ПовеќеVolvo Cars ги здружи силите со други производители на автомобили, даватели на услуги и национални влади во пионерски пан-европски пилот-проект за споделување податоци за безбедноста на сообраќајот, генерирани од автомобилите и инфраструктурата, во интерес на побезбедни патишта за сите.
ПовеќеVolvo Cars, лидер во автомобилската безбедност, се здружи со врвната шведска спортска и безбедносна трговска марка POC и за првпат во светот направија серија тестирања на судари на велосипедски шлемови со автомобили, како дел од новиот пионерски истражувачки проект, кој има за цел дополнително да ги заштити велосипедистите.
ПовеќеИднината на развојот на автомобилите е тука: Volvo Cars и Varjo, финскиот производител на луксузни слушалки за проширена реалност, за првпат во светот на мешана реалност создадоа пристап за проценка на прототипите, дизајните и активните безбедносни технологии.
ПовеќеVolvo Car Group потпиша долгорочни договори со водечките производители на батерии CATL и LG Chem за да обезбеди повеќе билиони вредно снабдување со литиум-јонски батерии во текот на следната деценија за идната генерација на Volvo и Polestar модели.
ПовеќеVolvo Cars ја прави својата пионерска, безбедносна технологија за првпат поврзана со индустријата, достапна низ цела Европа, како уште еден чекор во своите амбиции за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Повеќе