Новости

25.01.2021

Volvo Cars тројно ќе го зголеми производствениот капацитет за електрични автомобили во Гент, по одличната година за продажба на електрифицирани автомо

Volvo Cars тројно го зголемува производствениот капацитет за електрични автомобили во својот погон во Гент, Белгија, додека се подготвува да одговори на брзо растечката побарувачка за Recharge линијата на електрифицирани автомобили.

 

Зголемувањето на капацитетот доаѓа, исто така, кога Volvo Cars, известува за своите продажни резултати за 2020 година, кои што покажаа голем раст на побарувачката за Recharge моделите на компанијата. Процентниот удел на Recharge автомобилите во вкупната продажба се зголеми за двапати во 2020 година во споредба со 2019 година.

 

До 2022 година, капацитетот за електрични автомобили во погонот во Гент ќе се зголеми за трипати повеќе од денешните нивоа и ќе изнесува околу 60 проценти од вкупниот производствен капацитет на погонот.

 

Во моментов, Гент се подготвува подоцна оваа година да започне со производство на вториот целосно електричен модел на Volvo, базиран на CMA модуларната архитектура. Погонот веќе го гради XC40 Recharge, првиот целосно електричен автомобил на компанијата, како и plug-in хибридната верзија XC40.

 

„Нашата иднина е електрична и на клиентите очигледно им се допаѓа она што го гледаат во нашите електрифицирани автомобили“, рече Хавиер Варела, шеф за глобални индустриски операции и квалитет. „Додека ние продолжуваме да ја електрифицираме нашата линија и да го зголемуваме производствениот капацитет, Гент е вистинска претходница за нашата глобална производствена мрежа.“

 

Компанијата Volvo Cars е посветена да стане компанија за врвни електрични автомобили. Во наредните години, компанијата ќе лансира неколку целосно електрични автомобили. До 2025 година, има за цел нејзината глобална продажба да се состои од 50 проценти целосно електрични автомобили, а останатата од хибриди.

 

Додека Гент е прв во глобалната производствена мрежа што започна со изградба на целосно електрични автомобили, компанијата, исто така, има намера да го зголеми производствениот капацитет за електрични автомобили и во своите други погони низ целиот свет.

 

Минатиот месец, Volvo Cars, исто така, објави дека ќе составува електрични мотори во својот погон во Шкоде, Шведска и дека планира да формира сопствено производство на е-мотори до средината на деценијата. За оваа цел ќе инвестира 700 милиони шведски круни во наредните години. Компанијата, исто така, значително инвестира во внатрешниот дизајн и во развојот на е-моторите за следната генерација на Volvo автомобили.

 

Volvo Car Group во 2019 година

Во финансиската 2019 година, Volvo Car Group забележа оперативен профит од 14,3 BSEK (14,2 BSEK во 2018 година). Приходите во текот на овој период изнесуваат 274.1 BSEK (252.7 BSEK). За целата 2019 година, глобалната продажба достигна рекордни 705.452 642.253) автомобили, што претставува зголемување од 9,8 отсто наспроти 2018 година. Резултатите ја нагласуваат сеопфатната трансформација на финансиите и работењето на Volvo Cars во последните години, позиционирајќи ја компанијата во следната фаза на раст.

 

За Volvo Car Group

Volvo дејствува од 1927 година. Денес, е еден од најпознатите и најпочитувани автомобилски брендови во светот, со продажба на 705.452 автомобили во 2019 година, во околу 100 земји. Volvo Cars е во сопственост на Zhejiang Geely Holding од 2010 година.

 

Во 2019 година, Volvo Cars имаше во просек околу 41.500 (41.500) вработени со полно работно време. Дирекцијата на Volvo Cars, развојот на производи, маркетинг и административни функции се наоѓаат главно во Гетеборг, Шведска. Дирекцијата на Volvo Cars за APAC се наоѓа во Шангај. Главните фабрики за производство на автомобили се наоѓаат во Гетеборг (Шведска), Гент (Белгија), Јужна Каролина (САД), Ченгду и Даќин (Кина), додека моторите се произведуваат во Шкоде (Шведска) и Жангџаку (Кина) и компонентите во Олофстрём (Шведска).

 

Под новата намера на компанијата, Volvo Cars има за цел да им обезбеди на клиентите Freedom to Move на личен, одржлив и безбеден начин. Оваа намера се рефлектира во голем број деловни амбиции: на пример, до средината на следната деценија има за цел половина од својата глобална продажба да биде од целосно електрични автомобили и да се воспостави пет милиони директни односи со потрошувачите. Volvo Cars, исто така, се посветени на континуирано намалување на својот јаглероден отпечаток, со амбиција да биде климатско-неутрална компанија до 2040 година.

Известување

ехнологијата на 'Cookies' ни овозможува да ви обезбедиме најдобро доживување на нашата страница. Ве молиме да обележите дали се сложувате со користењето на оваа технологија. Прочитајте повеќе.

Се согласувам