Новости

09.06.2020

Секој Volvo модел сега доаѓа со ограничување на брзината од 180 км/ч и клуч за грижа Care Key

Секој нов Volvo автомобил сега доаѓа со ограничена максимална брзина од 180 км/ч, со што Volvo Cars го испорачува ветувањето дадено минатата година дека ќе воведе такво ограничување што ги надминува регулативите и законодавството, за да помогне да се затвори преостанатиот јаз до нулта сериозни повреди и жртви во сообраќајот.

 

Покрај ограничувањето на брзината, секој Volvo автомобил сега ќе доаѓа и со клуч за грижа Care Key, кој им овозможува на Volvo возачите да постават дополнителни ограничувања на максималната брзина на автомобилот, на пример пред да го позајмат својот автомобил на други членови на семејството или на помлади и неискусни возачи.

 

Заедно, ограничувањето на брзината до 180 км/ч и клучот за грижа Care Key испраќаат силен сигнал за опасностите на брзото возење, потенцирајќи ја позицијата на Volvo Cars како светски лидер во безбедноста. Двете карактеристики илустрираат како автомобилските производители можат да преземат активна одговорност за стремежот кон постигнување нулта сообраќајни жртви со поддржување подобро однесување на возачот.

 

„Ние веруваме дека автомобилскиот производител има одговорност да помогне во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот“, рече Малин Екхолм, директор на Центарот за безбедност на Volvo Cars. „Нашата технологија за ограничување на брзината и дијалогот што го започна, одговараат на ова размислување. Ограничувањето на брзината и клучот за грижа Care Key им помагаат на луѓето да размислуваат и да сфатат дека брзото возење е опасно, истовремено обезбедувајќи дополнителен мир на умот и поддржувајќи подобро однесување на возачот.“

 

Максималното ограничување на брзината се покажа како контроверзно уште од објавувањето, при што некои набљудувачи ги доведоа во прашање правата на автомобилските  производители да наметнат такви ограничувања преку достапната технологија.

 

Сепак, Volvo Cars верува дека има обврска да ја продолжи својата традиција да биде пионер во дискусијата околу правата и обврските на автомобилските производители да преземат активност што најпосле може да спаси животи, дури и ако тоа значи губење потенцијални потрошувачи.

 

Проблемот со брзото возење е што над одредени брзини, технологијата за безбедност во автомобилот и дизајнот на паметната инфраструктура веќе не се доволни за да се избегнат сериозни повреди и жртви во случај на несреќа.

 

Ова е причината зошто постојат ограничувања на брзината во повеќето западни земји, но, сепак, брзото возење останува сеприсутно и една од најчестите причини за жртви во сообраќајот. Милиони луѓе секоја година сè уште добиваат казни за брзо возење.

 

Истражувањата покажуваат дека обично луѓето имаат слабо разбирање за опасностите во врска со брзото возење. Како резултат, многу луѓе често возат премногу брзо и имаат слабо прилагодена брзина во однос на сообраќајната состојба.

 

Освен забрзувањето, интоксикацијата и растроеноста се две други основни области за грижа во сообраќајната безбедност и тие го сочинуваат преостанатиот јаз кон визијата на Volvo Cars за иднина со нулта фатални несреќи и сериозни повреди. Затоа, презема акција за решавање на сите три елементи на човековото однесување во својата безбедносна работа, со уште повеќе карактеристики што ќе бидат воведени во идните автомобили.

Известување

ехнологијата на 'Cookies' ни овозможува да ви обезбедиме најдобро доживување на нашата страница. Ве молиме да обележите дали се сложувате со користењето на оваа технологија. Прочитајте повеќе.

Се согласувам