Новости

09.01.2020

Успехот на SUV сегментот го придвижи Volvo Cars кон шестиот продажен рекорд од над 700.000 продадени автомобили

Volvo Cars постави нов, шести последователен глобален продажен рекорд во 2019 година, со што ја урна продажната цел од 700.000 автомобили за прв пат во својата 93-годишна историја. Компанијата забележа 705.452 продадени автомобили во 2019 година, што претставува зголемување од 9,8 проценти во однос на 2018 година, солидно надминувајќи го целокупниот пазар низ сите региони.

 

Новиот продажен рекорд  е поткрепен со постојаната побарувачка за наградуваната линија на Volvo Cars. Трите SUV модели послужија за ваквиот пораст, бидејќи компанијата се здоби со поголем пазарен удел во Кина, САД и Европа.

 

Компанијата исто така регистрираше силна побарувачка за електрифицирани возила, како во однос на флотните продажби, така и во малопродажните нарачки. Севкупно, Volvo Cars продаде 45.933 plug-in хибридни модели во 2019 година, што претставува зголемување за 22,9 проценти во однос на 2018 година и двојно повеќе од 2017 година.

 

„Многу сум задоволен што гледам, дека за прв пат во нашата историја продадовме повеќе од 700.000 автомобили, истовремено што го зголемивме уделот на пазарите во сите наши главни продажни региони“, рече Хакан Самуелсон, главен извршен директор. „Нашата цел е да се потпреме на на овој позитивен тренд во 2020 година, со што започнуваме да го претставуваме нашиот Recharge опсег на Volvo електрични модели“.

 

Илустрирајќи ја јачината на своето портфолио и неговите продажни перформанси во 2019 година, Volvo Cars го надмина претходниот годишен продажен рекорд од 642.253 автомобили, поставен во 2018 година, скоро цел месец пред крајот на годината. Декември беше најдобриот продажен месец на компанијата, со 23,4 проценти зголемување за период од една година со 74.239 продадени автомобили.

 

Во Кина, Volvo Cars продаде 154.961 автомобил, што претставува зголемување од 18,7 проценти во однос на 2018 година. Резултатот е и рекорд за Volvo Cars во Кина и најголем број продажби досега достигнат на поединечен пазар.

 

Во Соединетите држави, Volvo Cars продаде 108.234 автомобили, кршејќи го продажниот праг од 100.000 автомобили за прв пат од 2007 година. Во споредба со 2018 година, продажбата се зголеми за 10,1 проценти.

 

Во Европа, продажбите беа особено силни во Германија, каде компанијата за прв пат во својата историја продаде повеќе од 50.000 автомобили, а интересен е податокот дека го оствари својот најдобар продажен резултат во Велика Британија од 1990 година.

 

Другите пазари кои ги забележаа своите најдобри продажни перформанси во историјата на компанијата ги вклучуваат Австралија, Белгија, Бразил, Чешка, Унгарија, Кореја, Полска и Португалија.

 

Во 2019 година во Адриа регионот, Volvo Cars испорача 1.536 возила и оствари пораст од 22,4 проценти во споредба со 2018 година. Од 2015 година па до денес, компанијата во овој регион бележи просечен годишен раст од 33 проценти.

 

XC60 продолжува да биде глобално најпродаваниот автомобил на компанијата, проследен со XC40 и XC90, додека седаните на сериите 90 и 60, исто така, придонесоа за обемот на растот во Кина и Европа, соодветно.

 

Оваа година, Volvo Cars ќе започне да ја претставува својата Recharge линија за пазарите низ целиот свет. Recharge ќе биде глобалното име за сите Volvo автомобили што се полнат со електрична енергија, со целосно електричен и со plug-in хибриден погон.

 

Автомобилската линија Recharge има за цел дополнително да ја зголеми продажбата на Volvo автомобилите што се полнат и да ги охрабри возачите на plug-in хибридите, преку стимуланси да го користат Pure (чист) режимот колку што е можно повеќе. Volvo Cars има за цел plug-in хибридните автомобили да сочинуваат 20 проценти од вкупната продажба во 2020 година.

 

Секој Volvo модел вклучува Recharge опција, почнувајќи од малиот XC40 преку автомобилите од серијата 60 до големиот предводник XC90. Volvo Cars е единствениот производител на автомобили, кој нуди plug-in верзии за секој модел во својата линија. Наскоро, купувачите ќе можат да се одлучат и за XC40 Recharge P8, првиот целосно електричен автомобил на Volvo Cars.

 

Детално претставување на регионалните продажби е дадено подолу.

  

 

декември

 

Јан- дек

 

 

2018

2019

Промена

2018

2019

Промена

Европа

29.469

34.224

16,1%

317.838

340.605

7,2%

Кина

11.868

16.908

42,5%

130.593

154.961

18,7%

САД

8.826

12.360

40%

98.263

108.234

10,1%

Друго

9.994

10.747

7,5%

95.559

101.652

6,4%

Вкупно

60.157

74.239

23,4%

642.253

705.452

9,8%

 

Во 2019 година XC60 беше најпродаваниот модел со 204.965 продадени автомобили (2018: 187.339 автомобили), потоа следува XC40 со 139.847 автомобили (2018: 75.828 автомобили) и XC90 со продадени 100.729 (2018: 94.182 единици).

Известување

Технологијата на 'Cookies' ни овозможува да ви обезбедиме најдобро доживување на нашата страница. Ве молиме да обележите дали се сложувате со користењето на оваа технологија. Прочитајте повеќе.

Се согласувам