Новости

25.10.2019

Volvo Cars радикално ќе ги намали јаглеродните емисии како дел од новиот амбициозен климатски план

Volvo Cars денеска го лансираше еден од најамбициозните планови во автомобилската индустрија, со цел да го намали својот јаглероден отпечаток по автомобил за 40 проценти меѓу 2018 и 2025 година. Ова е прв, опиплив чекор кон амбицијата на Volvo Cars да стане климатско неутрална компанија до 2040 година.

 

Планот се состои од конкретни активности во согласност со глобалниот Париски климатски договор од 2015 година, кој има за цел да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

 

Амбициите на Volvo Cars 2040 одат подалеку од осврнување кон издувните емисии преку целосна електрификација, друга област во која компанијата е во првите редови. Исто така, ќе се справи со јаглеродните емисии во својата производствена мрежа, во своите пошироки операции, во својот синџир на снабдување и преку рециклирање и повторна употреба на материјалите.

 

Како краткорочен чекор кон својата амбиција за 2040 година, Volvo Cars спроведува сет амбициозни, непосредни мерки во своите напори да го намали CO2 отпечатокот на животниот век на компанијата по автомобил за 40 проценти помеѓу 2018 и 2025 година. Во овој момент, компанијата, исто така, има за цел да ја направи својата глобална производствена мрежа целосно климатски неутрална.

 

 

„Ние ја трансформираме нашата компанија преку конкретни активности, а не со симболични заложби“, рече Хакан Самуелсон, главен извршен директор. „Значи, во Volvo Cars ќе се осврнеме кон она што го контролираме, а тоа се нашите операции и издувните емисии на нашите автомобили. И ќе се осврнеме кон она врз што можеме да влијаеме, со повикување на нашите набавувачи и енергетскиот сектор да ни се придружат во целта за климатско неутрална иднина“.

 

За да го реализира значајното 40-процентно намалување на СО2 отпечатокот по автомобил до 2025 година, компанијата смисли голем број амбиции за различни делови од своите операции. Претходно соопштената цел за генерирање на 50 проценти од глобалната продажба од целосно електрични автомобили до 2025 година е знаменита, што ќе резултира со 50 процентно намалување на издувните јаглеродни емисии по автомобил меѓу 2018 и 2025 година.

 

Другите краткорочни амбиции вклучуваат 25-процентно намалување на CO2 емисиите поврзани со глобалниот синџир на снабдување до 2025 година, 25-процентен удел на рециклирана пластика кај новите Volvo cars до 2025 година и 25-процентно намалување на јаглеродните емисии генерирани од севкупните операции на компанијата, вклучително со производството и логистиката.

 

 

Volvo Cars беше првиот традиционален производител на автомобили, кој се посвети на целосна електрификација и исфрлање на автомобилите што работат само на мотор со внатрешно согорување. Од оваа година, секој нов лансиран Volvo ќе биде електрифициран и компанијата денеска, исто така, го лансира својот прв целосно електричен автомобил, XC40 Recharge. Почнувајќи со XC40 Recharge, Volvo Cars ќе го разоткрива просечниот животен јаглероден отпечаток на секој нов модел.

 

XC40 Recharge е првиот автомобил во новата Recharge линија на Volvo Cars. Recharge ќе биде глобалното име за сите Volvo автомобили што се полнат со енергија, со целосно електричен и со plug-in хибриден погон. Автомобилската линија Recharge има за цел дополнително да ја зголеми продажбата на електрифицирани Volvo Cars автомобили и да ги охрабри возачите на plug-in хибридите преку стимуланси да го користат Pure (чистиот) режим колку што е можно повеќе. 

 

-------------------------------

 

Volvo Car Group во 2018 година

Во финансиската 2018 година, Volvo Car Group оствари оперативен профит од 14,185 MSEK (14,061 MSEK in 2017). Приходите во текот на овој период изнесуваат 252,653 MSEK (208,646 MSEK). За целата 2018 година, глобалната продажба достигна рекордни 642.253 (571.577) автомобили, што претставува зголемување од 12,4 проценти наспроти 2017 година. Резултатите ја нагласуваат сеопфатната трансформација на финансиите и работењето на Volvo Cars во последните години, позиционирајќи ја компанијата за следната фаза на раст.

 

За Volvo Car Group

Volvo дејствува од 1927 година. Денес, Volvo Cars е еден од најпознатите и најпочитувани брендови во светот, со продажба на 642.253 автомобили во 2018 година во околу 100 земји. Volvo Cars е во сопственост на Zhejiang Geely Holding (Geely Holding) од Кина од 2010 година.

 

Во 2018 година, Volvo Cars имаше во просек околу 43.000 (39.500) вработени со полно работно време.  Дирекцијата на Volvo Cars, одделот за развој, маркетинг и администрација воглавно се наоѓаат во Гетеборг, Шведска. Дирекцијата на Volvo Cars за Кина се наоѓа во Шангај. Главните фабрики за производство на автомобили се наоѓаат во Гетеборг (Шведска), Гент (Белгија), Јужна Каролина (САД), Ченгду и Даќин (Кина), додека моторите се произведуваат во Шкоде (Шведска) и Жангџаку (Кина) и компонентите во Олофстрём (Шведска).

 

Под новата намера на компанијата, Volvo Cars има за цел да им обезбеди на клиентите Freedom to Move на личен, одржлив и безбеден начин. Оваа намера се рефлектира во голем број деловни амбиции: до средината на следната деценија има за цел половина од својата глобална продажба да биде од целосно електрични автомобили и да понуди половина од сите автомобили на клиентите преку својата претплатничка услуга. Дотогаш, исто така, очекува една третина од продадените автомобили да бидат автономни.

Известување

Технологијата на 'Cookies' ни овозможува да ви обезбедиме најдобро доживување на нашата страница. Ве молиме да обележите дали се сложувате со користењето на оваа технологија. Прочитајте повеќе.

Се согласувам